Првиот финалист на Лига купот на Португалија во фудбал е екипата на Спортинг од Лисабон, која доцна синоќа на неутрален терен во Леирија го совлада Порто со 1:0.
Веројатно не треба да погодувате кој го постигна единствениот гол.
Секако, тоа беше Виктор Ѓокереш, кој во 56. минута го искористи додавањето на Џовани Квенда и погоди покрај Клаудио Рамос. Тоа веќе му беше четврти гол од почетокот на 2025 година!
🚨🇵🇹 GOAL | Sporting 1-0 Porto | Gyokeres
GYOKERES OPENS THE SCORING FOR SPORTING!pic.twitter.com/z3uCDw9RPD
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) January 7, 2025
Имено, тој за време на викендот против Виторија Гимараеш постигна хет-трик при ремито 4:4, со што на идеален начин ја започна новата година.
Шведскиот напаѓач со унгарско потекло има 2024. заврши како најдобар стрелец во светот, ако се погледне професионалниот фудбал, бидејќи постигна 62 гола на 63 натпревари за клубот и репрезентацијата.
Зад него беа Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Ерлинг Халанд, Роберт Левандовски, Килијан Мбапе…