(ВИДЕО) Новак: Рафа, Роџер и јас не сме пријатели, но би сакал да бидеме

Од:

Новак Ѓоковиќ даде големо интервју за CBS кое премиерно се прикажува денеска.

Сепак, на социјалните мрежи се појавија делови во кои Новак разговара со познатиот новинар Џон Вертхајм.

Новак во емисијата „60 минути“ меѓу другото зборуваше и за ривалството со Федерер и Надал.

На прашањето дали сака да биде пријател со нив во иднина, тој накратко рече:

„Би сакал – да. Навистина би сакал. Физички, би сакал. Мислам, знам дека очигледно (се смее) не се согласувавме толку добро во текот на нашите кариери надвор од теренот. И ние не сме пријатели затоа што, знаете, ние сме ривали и тешко е како конкуренти да бидеме многу блиски и да споделуваме и да си дадеме увид во нашите животи или чувства, знаете, може да се искористи против вас за тениски рекорди и можност за понатамошни средби на теренот“, рече Новак.

Тројцата го одбележаа тенисот во изминатите две децении.

„Толку години ја делевме сцената и мислам дека секогаш има најголема почит, барем од моја страна, за нив. Така, да, се надевам дека еден ден, кога завесите ќе се спуштат уште малку, ќе можеме да седнеме и да поразговараме малку. Би било, би било неверојатно“.

На крајот додаде дека нема намера да запре во ловот на сите рекорди.

“Сакам да победувам. Нема сомнеж за тоа. Инспириран сум и мотивиран од рекордите”, изјави светскиот рекет број еден.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

„Тоа не треба да ме прашувате за Новак“: Францускиот тенисер изненададен

А1он

Усташки симбол преку лицето на Новак Ѓоковиќ

А1он

ВИДЕО: Се појави видеото од водителот кој го навреди Ѓоковиќ и српските навивачи