Бурно беше и по мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Нишеш Басавареди (4:6, 6:3, 6:4, 6:2) во 1. коло на Австралија опен, бидејќи го добивме епилогот од расправијата на српскиот тенисер со еден од навивачите.
Во текот на мечот имаше меѓусебно прозивка, шутирање, а на крајот од натпреварот Новак не можеше да го сокрие бесот, па пцуеше.
— Ricardo Kaka (@rikardons) January 13, 2025
„Еве, овде… У пи**у материну“, рече Новак додека тргна кон мрежата да се поздрави со 19-годишниот Американец.
Новак беше доста изнервиран за време на самиот меч, им довикнуваше во неговиот тим, но и на еден навивач кој постојано му дофрлаше – на српски.
„Ајде, молчи, те молам молчи“, извика Ѓоковиќ на српски.