ВИДЕО: Невиден циркус во Бугарија – „интервенираше“ сопственикот на клубот, па испадна од лигата

Од:

На фудбалскиот натпревар во Бугарија помеѓу Царско Село и Локомотива, забележана е несекојдневна ситуација во која мораше да интервенира сопственикот Стојне Манолов.

Се играше временско надополнување и домаќинот имаше шанса да дојде до три бода од белата точка.

Во тој момент играчите на Царско Село не можеа да се договорат кој ќе го шутира пеналот, поточно Јусуф Јафа ја зеде топката со што не се согласија неговите соиграчи.

Јафа не сакаше да ја даде топката, тензијата порасна, а комплетен циркус настана кога на теренот влезе сопственикот на домаќинот и му ја одзеде топката на играчот на Царски.

Потоа Кавдански ја презеде одговорноста и промаши пенал, оставајќи 1:1 на семафорот.

Царско село е последно на табелата во бугарското првенство, додека Локомотива е три места подобро пласирана.

Би можело да ве интересира

Стоичков: Бугарија прима мигранти, како може да бидеме расисти?

Два меча без публика на „Васил Левски“, плус парична казна за Бугарската фудбалска федерација

Стоичков: Никогаш нема да има нов Стоичков

Татјана Ташкова

Балаков поднесе оставка како селектор на бугарската фудбалска репрезентација

Петмина бугарски навивачи уапсени за расистички навреди на англиските фудбалери

Ана Ололовска

Бугарите подготвуваат спектакл со ѕвездите од 1994 година

Ана Ололовска