Шведскиот скокач со стап Арманд Дуплантис продолжува со доминацијата во неговата дисциплина. Откако на убедлив начин стигна до златниот медал на Олимписките игри во Париз, сега Дуплантис на доминантен начин стигна до првото место и на митингот од „Дијамантската лига“ во Лозана.
🇸🇪Mondo Duplantis breaks his World Record again, going 6.26m.
Passing the 6.25m mark he set to win Olympic gold at Paris 2024.
I’d rank him as one of the greatest athletes of the current era — maybe ever, in any sport.
An electric athlete.
— Ben Steiner (@BenSteiner00) August 25, 2024
Со прескокнати шест метри, Дуплантис веќе го имаше обезбедено првото место на митингот, а потоа следуваше шоуто. Швеѓанецот побара да ја стават летвичката на 6,26 метри и првиот обид беше неуспешен.
Сепак, во вториот обид Дуплантис ги воодушеви сите на стадионот и успеа да прескокне рекордни шест метри и 26 сантиметри.