ВИДЕО: Нереди во Сараево, масовна тепачка меѓу навивачите на Железничар и Марибор

Од:

Масовна тепачка меѓу навивачите на фудбалските клубови „Железничар“ од Сараево и „Марибор“ од Словенија, во која две лица се повредени се случи во вторник во центарот на Сараево пред Катедралата.

На сите страни летале шишиња и пепелници додека пред кафулето кај Катедралата можело да се види скршено стакло.

Според изјавите на очевидци кои ги пренесуваат босанските медиуми, навивачите на Марибор го извикувале името на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, и ја споменувале Сребреница во негативен контекст.

Центарот на Сараево за неколку минути личел на воено зона, а шишиња столици и пепељари летале на сите страни.

Судирот траел неколку минути, а потоа полицајците успеале да ги префрлат навивачите на Марибор“ во Стаклениот град, од каде биле спроведени со полициски возила до стадионот Кошево, каде ќе биде одигран натпреварот меѓу двата фудбалски клуба.

На Клиниката за ургентна медицина е примен еден полицаец, со повреди на прстот на десната рака и исеченици на главата и еден Словенец кој бил полесно повреден.

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница