ВИДЕО: Минимални победи за Хрватска и за Колумбија

Од:

Репрезентациите на Колумбија и Хрватска остварија исклучително важни минимални победи од по 1-0 против Конго и Панама, со што направија голем чекор напред во групната фаза.

Колумбијците уште од самиот старт наметнаа силно темпо, а Муњоз ја затресе мрежата на Конго уште во шестата минута, но тој погодок беше поништен по реакција на ВАР поради недозволена позиција. И покрај целосната доминација и неколкуте сериозни шанси во првото полувреме, резултатот остана непроменет сè до 76. минута. Тогаш во центарот на вниманието повторно се најде Муњоз, кој овојпат постигна регуларен гол за триумф.


.
Со оваа победа по две одиграни кола во групата К, Колумбија е осамена на врвот со шест бодови, пред Португалија со четири, Конго со еден и Узбекистан кој сè уште нема освоено бодови.

​Во групата Л, Хрватска успеа да ја совлада незгодната Панама со 1-0. Клучниот момент на средбата се случи во 54. минута, кога Анте Будимир одлично реагираше и во гол ја претвори прекрасната акција во која учествуваа Марко Пашалиќ и Јосип Станишиќ.

Хрватите рутински ја сочуваа предноста до самиот крај, додека за Панама овој пораз значеше и дефинитивен крај на надежите за следната фаза.

Овој дуел имаше и историско значење бидејќи капитенот Лука Модриќ го прослави својот голем јубилеј, запишувајќи го 200-тиот настап во дресот на хрватската репрезентација. По две кола во оваа група, Гана и Англија водат со по четири бодови, Хрватска е трета со три, а Панама останува на дното без бодови.

Би можело да ве интересира

Инфантино: Трамп и јас заедно ќе му го доделиме трофејот на победникот на Светското првенство 2026

А1он

Халанд: Франција ќе нè победи и ќе го освои Светското првенство

А1он

ВИДЕО: Египет испиша мундијалска историја

Доминантната Шпанија ја победи Саудиска Арабија и ја забележа првата победа на Светското првенство

Мексико е прв учесник во нокаут фазата на Светското првенство 2026

А1он

Историја за Д.Р. Конго – освоија прв бод на мундијалите и тоа против Португалија со Роналдо

А1он