(ВИДЕО) Меси имаше две асистенции – Интер и Њујорк ги поделија бодовите

Од:

Во возбудлив натпревар од првото коло во новата сезона во МЛС, Интер Мајами и Њујорк Сити одиграа нерешено 2:2.

Силно го започна натпреварот Интер Мајами, кој минатата сезона ја освои Источната конференција, но беше елиминиран во првото коло од плеј-офот.

Томас Авилес погоди во 5. минута, благодарение на асистенција на Лионел Меси. Меси уште еднаш го потврди статусот на еден од најдобрите играчи во светот.

Њујорк Сити брзо се врати во игра.

Митја Илениќ израмни во 26. минута, а Алонсо Мартинез направи пресврт во 55. минута и ги донесе гостите во водство.

Сепак, Интер Мајами не се предаде и успеа да израмни во самиот финиш на натпреварот.

Меси повторно беше клучна фигура, кој асистираше за голот на Сеговија во 100. минута за израмнување на 2:2.

Би можело да ве интересира

Меси не сака да игра на -15 степени, Аргентинецот одби да игра во ЛШ во поларни услови

А1он

(ВИДЕО) Цариникот не го препозна Меси на пасошка контрола, неговата реакција е хит на социјалните мрежи

А1он

Бекам: Нема играч кој ја сака Барселона како Меси

А1он

Меси е најкорисен играч во американската МЛС, иако пропушти речиси пола сезона

А1он

Маскерано ќе му биде тренер на Меси во Интер

А1он

Меси: Отсекогаш му се восхитував на Зидан, иако тој е од Реал Мадрид

А1он