Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси (36) со одлична партија на отворањето на сезоната во МЛС го предводеше Интер Мајами до победа од 2:0 над Реал Солт Лејк.
За клубот на Бекам дебитираше и пријателот на Меси, Луис Суарез, а токму двајцата поранешни соиграчи од Барселона одиграа акција по која Диего Гомез го постигна вториот гол за Мајами.
Веќе во шестата минута Меси предизвика овации кога се ослободи од двајца противници со тоа што еднаш му ја турна топката низ нозе, а потоа во нова акција го постави првиот сезонски гол во МЛС.
Messi really chipped a player who was down injured 💀 pic.twitter.com/BN3fpsDjxy
— B/R Football (@brfootball) February 22, 2024
Неговиот следен мајсторски удар стана хит на социјалните мрежи кога кон крајот на првото полувреме во налет од десната страна го мина противникот и се упати кон средината на теренот.
The best ever 🔥 pic.twitter.com/1xeETDZ6Vj
— Breaking news 24/7 (@aliifil1) February 22, 2024
Сепак, на работ од шеснаесетникот налета на противнички играч кој беше повреден и се грчеше на тревата, а потоа следеше магијата на Меси.
Тој го мина повредениот противник префрлајќи ја топката, па се ослободи од друг ривал, но потоа трет го спречи во шутот.
Последниот голем потег го направи Меси во финишот на мечот, кога ја внесе топката во опасната зона, одбивајќи го налетот на противниците, а потоа му додаде на Суарез, кој потоа асистираше за голот.