Во „Стејплс Центар“ во Лос Анџелес се оддржува комеморација во чест на Коби Брајант кој загина во трагичната хеликоптерска несреќа на 26 јануари во која животот го загубија уште осум лица, меѓу кои и неговата 13. годишна ќерка Џиана.
Датумот е симболично одбран – 24-ка носеше Брајант на дресот во вториот дел од неговата дводецениска кариера во која остана верен на Лејкерси.