На денешната трка за Големата награда на Малезија, возена на патеката Сепанг славеше возачот на Хонда Дани Педроса, Лоренцо заврши втор, а Роси трет со што намали 4 бода во битката за титулата која ќе се случи за две недели на последната трка во Валенсија.
По стартот на трката Лоренцо загуби неколку позиции, кои што ги врати веднаш по само еден круг ги мина двата Дукатија, Довициозо и Ијаноне, за подоцна да го претекне Валентино Роси, но и Марк Маркез кој едноставно се тргна од неговиот правец и го препушти.
По искачувањето на втората позиција за Лоренцо, Марк Маркез остана на третата позиција каде што подолг период го кочеше Валентино Роси, каде имаа и неколку контакти на патеката но Роси постојано мораше да кочи и губеа ури по две секунди по круг во однос на водечките двајца.
Се до половина на трката, Валентино Роси вешто го исфрли од трката Шпанецот Маркез.
Маркез нема зошто да се лути, поради тоа што Валентино Роси доста умешно му направи опструкција и беше казнет со пад, а Роси успеа да ја задржи третата позиција, зад Педроса и Лоренцо, додека Маркез остана без пласман во Сепанг Малезија.