Свечен пречек на српските олимписки медалисти се одржa пред Стариот дворец во Белград.
Од балконот на Стариот дворец на своите сограѓани ќе им се обратија освојувачите на медали, златните ватерполисти, стрелците Зорана Аруновиќ и Дамир Микец.
Присутна беше и сребрената во таеквондо Александра Перишиќ, бронзените кошаркари, а се обрати и освојувачот на тениски златен медал Новак Ѓоковиќ.
— OvoOno (@OvoOnoX) August 12, 2024
„Добро вечер на сите, добра вечер Белград, Србија, Ви благодариме на сите што дојдовте во толкав број. Ова е неверојатно. Имав чест и задоволство да бидам на овој балкон повеќе од еднаш, но секој пат изненадувате и инспирирате се повеќе и повеќе, секого од нас на терасата. Мислам дека не сте свесни колку сила давате, поттик, да излезете овде пред вас. Ова е најубавото чувство што може да го доживее спортист од Србија. Да живее Србија“.
Претходно, сите олимпијци ги прими претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Да се биде претседател е најчесната должност. Се гордеам со тоа. Безброј проблеми, но има и моменти кои никогаш нема да ги заборавите. Ова е еден од нив. Да ви се заблагодарам што го споделивте успехот со нас, правејќи го заеднички. Направивте шампиони, секого од нас. Не убедивте дека можеме. Секој граѓанин на оваа земја денеска носи медал, рече Вучиќ.