(ВИДЕО) Играчите во паника бегаа од нервозниот бик, животното ги виде црвените дресови и настана хаос

Од:

Неверојатни сцени беа снимени пред почетокот на стадионот Гиберт Брутус во Перпињан, Франција.

Каталонците Драгонс одиграа натпревар против Сент Хеленс во рамките на Рагби Супер лигата, кој директно беше пренесуван на телевизијата „Скај спорт“.

Домашните победија со 24:12, а пред почетокот на натпреварот беше видена бизарна и нервозна ситуација.

Неколку бикови продефилираа пред толпата, но еден успеа да побегне и се упати кон играчите на „Змејовите“ облечени во црвени дресови.

Додека натпреварот се пренесуваше во живо, на социјалните мрежи брзо се појави видео од настанот. На него се гледа како бикот ја влече личноста која ги држела уздите по теренот, а потоа како целосно се ослободува и слободно трча по теренот.

Сите рагбисти ги прескокнаа рекламите и побегнаа, а за среќа животното набрзо е фатено и ставено под контрола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Франција уништи неколку куќи

Крвава освета на студент во Париз: Чекаше една година, па потоа го уби професорот

ВИДЕО: Снимен моментот на големиот одрон во Франција, огромен облак го прекри мостот

Катерина Ѓуровски

Франција издвојува 200 милиони евра за уништување на вино

(ВИДЕО) Голем пожар на југот на Франција, луѓето панично бегаат, евакуација на кампови

Најмалку 11 лица загинаа во пожар во одморалиште во Франција