ВИДЕО: Хрватските ракометари го победија Исланд и ја освоија европската бронза

Од:

Ракометната репрезентација на Хрватска ја заврши својата мисија со победа над Исланд (34-33) и го освои третото место, односно бронзениот медал на Европското првенство во Скандинавија.

Во „малото финале“, балканската селекција покажа зрелост и вторпат го совлада Исланд на овој турнир, откако првиот дуел го добија и во групната фаза. И покрај бројните предизвици, вирози и болести во тимот, Хрватска се издигна над сè и во драматичен финиш успеа да ја реализира својата цел.

За Хрватска, ова е четврти бронзен медал на Европските првенства. Претходно тимот го освои ова одличје во 1994, 2012 и 2016 година. Исто така, ова е прв медал на европските шампионати по речиси една деценија.

Хрватите на полувреме имаа три гола предност (17-14), во вториот дел стигнаа и до +6, но Исланѓаните не се предаваа до крајот и се потрудија за драматична завршница.

Најдобар стрелец на мечот беше Магнусон од Исланд со 12 гола, пред Кристјансон со шест гола, додека кај Хрватите одличен беше голманот Мандиќ со осум одбрани, а лидер на листата на стрелци беше Лучин со девет гола, пред Начиновиќ со шест гола.

Би можело да ве интересира

Јадранка Косор: Ситуацијата околу пречекот на ракометарките е без преседан во историјата на Хрватска

Пленковиќ: Огромниот број луѓе што беа на плоштадот потврдија дека Владата го направи единствениот можен, одговорен и очекуван потег

Србија официјално реагираше на пречекот на ракометарите со Томпсон

Катерина Ѓуровски

Ракометарите заедно со Томпсон на бината во Загреб – Пленковиќ се правда, Милановиќ напаѓа

А1он

Уставен експерт за пречекот на ракометарите: Ова е трагедија и катастрофа – човечка, политичка и правна!

А1он

Томашевиќ: Ова е државен напад на Загреб

Горан Наумовски