Неколку часови пред кобниот пад на хеликоптерот, Коби Брајант и неговата ќерка биле во црква уште во утринските часови.
Неколку минути пред падот, пилотот се обидувал да добие посебна дозвола за летање во услови на магла.
Во секундите пред падот, во кој загинаа сите десет луѓе, пилотот им рекол на контролата дека тој се обидува да го избегне големиот слој на облаци.
Тоа фактички било последното негово обраќање кое контролорите на летање го слушнале.
Ова се дел од разговорите кои биле помеѓу пилотот и контролата.
Околу 9:33 часот
Хеликоптерот се движел спрема север. Контролата му дава инструкции на пилотот да го следи автопатот 5 и да ги одржува условите на СВФР.
Пилотот потврдува дека ги слушнал наредбите и дава потврден одговор.
Покасно, контролорот на летот му кажува на пилотот да се префрли на другата контрола во Ван Нујс.
Потоа, контролата му кажува дека ветерот е мирен и дека може да продолжи.
Во еден момент, пилотот побарал помош за летот, а контролата му одговорила дека се наоѓа многу ниско.
Пилот одговорил дека ќе го подигне хеликоптерот како би го избегнал големиот слој на облаците.
Тоа фактички било неговото последно јавување.
Околу 9:42
Контролата повторно се обидува да стапи во контакт со пилотот, но не добива одговор.
Во 9:45, хеликоптерот се губи од радар за по две минути да пристигне првиот повик од хитната служба за падот на хеликоптерот.
Објавенoто видео е непосредно пред падот на хеликоптерот.
I try and video /photograph all the weird stuff happening above my house in Glendale,CA. Unfortunately this morning I didn’t realize I was filming the helicopter Kobe Bryant, his daughter and others were in 31 minutes before they crashed . RIP pic.twitter.com/8zdiplvEbv
— THEIR ONLY DREAMS (@theironlydreams) January 27, 2020
Според медиумската куќа CNN, ова видео го покажува хеликоптерот како кружи непосредно пред падот. Оваа видео снимка е направена наводно 31 минута пред трагедијата, додаваат од CNN.