(ВИДЕО) Голманот на Арсенал како спринтер

Од:

Со поразот на домашен терен од Вест Хем (0-1), Арсенал практично се збогуваше од борбата за титулата шампион во англиската Премиер лига, а една од ретките позитивни работи за домашниот тим во играта се случи на самиот крај од мечот.

Имено, се играше деветтата минута од судиското надополнување кога голманот на „топчиите“, Давид Раја приреди вистинска егзибиција.

Арсенал изведе корнер, а гостинската одбрана ја расчисти опасноста пред сопствениот гол и тргна во контра.

Таму на сцена стапува Раја, кој прво спринтува до топката пред играчите на „чеканите“, а потоа со финта се ослободува од противникот и тргнува во нов напад на својот тим.

За голман, завидно ниво на играчка вештина.

Секако, фановите на социјалните мрежи се шегуваат со потегот на Раја:

„Да беше нормален, немаше да го ограничат на 16 метри“
„Единствената позитивна работа во играта на Арсенал“
„Овој може да биде меѓу спринтерите кога сака“
„Со оваа брзина добро би дошол во нападот, барем добро би нападнал“.

Арсенал е втор во Премиер лигата со 53 бодови, а Вест Хем е 16-ти со 30 бодови.

Би можело да ве интересира

„Седам во затворска ќелија, а околу мене убијци и силувачи“ – екс играчот на Арсенал и Ливерпул ја отвори душата

А1он

Екс играч на Арсенал е десетпати побогат од Роналдо

А1он

Јунајтед го „краде“ Ѓокереш од Арсенал?

А1он

Арсенал донесе огромно засилување за 55 милиони евра

Предраг Петровиќ

Рекорден трансфер во женскиот фудбал – талентирана Канаѓанка потпиша за Арсенал

А1он

Артета: Многу сум горд на играчите на Арсенал