Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека Рафаел Надал остварил неверојатен успех, освојувајќи го Отвореното првенство на Франција по 9-ти пат во кариерата.
„Навистина присуствуваме на еден неверојатен настан, кога еден тенисер успева да ја освои деветата титула на Ролан Гарос. Имаше многу емоции, подеми и падови во текот на целиот турнир, па дури и во финалето. Се трудев максимално да вложам сила и му честитам на Надал“, рече Ѓоковиќ веднаш по завршувањето на финалето во Париз.
„Вложив максимален напор да дојдам до титулата, но Надал денеска беше подобар“, рече Новак, честитајќи му ја деветата титула на шпанскиот тенисер на Ролан Гарос.
Ѓоковиќ не можеше да ги сокрие солзите, особено по големиот аплауз од публиката која го следеше финалето во Париз.
„Ова беше за мене исклучително важен и емотивен турнир, полн со подеми и падови. И се заблагодарувам на публиката која со нас ги споделуваше емоциите во текот на целиот меч. Ќе се обидам да дојдам до трофејот следната година“, порача Ѓоковиќ.
Надал рече дека Ѓоковиќ исто така заслужил да го освои Ролан Гарос и дека е сигурен дека српскиот тенисер во тоа ќе успее во иднина.
„Ѓоковиќ е дефинитивно мојот најголем противник. Секој момент е исклучително тежок во мечевите како овој.
Да се игра против Новак е секогаш предизвик за мене. Мислам дека заслужи да победи на овој турнир, и сигурен сум дека ќе го стори тоа во иднина“, рече шпанскиот тенисер