ВИДЕО: Фудбалски спектакл Меси – Неимар во Лима

Од:

Фудбалски спектакл се одржа синоќа на националниот стадион во перуанскиот главен град Лима на кој силите ги одмерија Лео Меси и неговите пријатели од една страна и тимот на светот предводен од новото засилување на Барселона, Неимар.

Победи тимот на Меси со 8:5. Мечот немаше натпреварувачки карактер, а собраните средства се наменети за хуманитарни цели. Тоа не го спречи новиот тандем на Барселона да се натпреварува кој ќе собере повеќе аплаузи и ќе даде поубав гол. Во таа борба, според спортските портали, победи Неимар.

Бразилецот успеа речиси од половина терен да го лобува голманот Муслера, а тој потег е прогласен и за најатрактивен на натпреварот.

Иако вниманието беше насочено на Меси и на Неимар, на теренот беа и Марко Матераци, кој бранеше, а бразилскиот репрезентативен голман Жулио Цезар, пак, играше како стопер. Дел од фудбалскиот спектакл во Лима беа и Даниел Алвеш, Пабло Освалдо, Ерик Абидал, Езекиј Лавеци, Пабло Аимар, Флорадн Малуда и многу други актуелни и поранешни фудбалски ѕвезди.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ