ВИДЕО: Фемке Бол во луда трка обезбеди злато за холандската штафета

Од:

Штафетата на Холандија 4×400 метри ја освои титулата олимписки шампион во Париз, пред се благодарение на феноменалната последна измена во која трчаше Фемке Бол.

По првите три измени, во кои трчаа Јуџин Омала, Лике Клавер и Исаја Клајн Икинк, Холандија беше четврта, повеќе од 50 метри зад американската штафета. Но, Бол прво ја престигна Белгија и стигна до третото место, а потоа и Велика Британија, а во последните пет метри ја престигна Американката Кејлин Браун, која не успеа да го заврши одличното дело на нејзините претходници Вернон Норвуд, Шамиер Литл и Брајс Дедмон.

Бол целта ја мина за 3:07,43 минути, што е за само две стотинки побавно од светскиот рекорд на американската штафетна екипа во квалификациите во петокот. Среброто го освоија САД со 3:07.74, додека штафетата на Велика Британија составена од Семјуел Риардон, Лавијаи Нилсен, Алекс Хејдок-Вилсон и Амбер Енинг ја освои бронзата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спектакуларен крај на Игрите во Париз, Том Круз го однесе олимпиското знамето во Лос Анџелес

Еуроспорт се извини за хрватското знаме покрај името на Ѓоковиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ прво славеше со оро, па во омилениот ресторан до рано наутро

(ВИДЕО) Ѓоковиќ со шампањ го прослави златниот медал на Олимписките игри

A1on

Алжирската боксерка која беше жртва на лажни обвинувања осигура медал, се расплака во рингот

Векиќ не донесе злато за Хрватска, Женг стана првата кинеска олимписка шампионка во тенис