ВИДЕО: Ешли Барти го освои Австралија опен, прва Австралијка со триумф во Мелбурн по 44 години

Од:

Првата носителка Ешли Барти ја оправда фаворитската улога, откако во финалниот меч на Австралија опен ја победи Американката Даниела Колинс со 2-0, по сетови 6-3 и 7-6.

Барти во првиот сет на противничката и дозволи само три гема, додека во вториот видовме пресврт и вистинска борба. Колинс имаше предност од 5-1 во гемови, но Барти се врати на 5-5, а потоа и 6-6. Мечот се решаваше во тај-брејк, а Барти ја искористи приликата и запиша нова голема победа во својата кариера.

Австралијката со денешната победа во финалето го освои третиот гранслем-трофеј (по Ролан Гарос во 2019 година и на Вимблдон во 2021 година).

Барти и денеска не дозволи да загуби сет, па на овој начин влезe во елитното друштво. Во женскиот тенис до гранслем-трофејот без изгубен сет стигнаа Ема Радукану на ланскиот САД опен, Ига Швјонтек во 2020 година на Ролан Гарос, а порано и Серена Вилијамс (дури шест пати), Марион Бартоли, Марија Шарапова, Жастин Анен, Линдзи Девенпорт, Венус Вилијамс, Мартина Хингис, Штефи Граф, Мери Пирс, Аранча Санчес Викарио, Моника Селеш, Мартина Навратилова.

Ешли истовремено стана и првата Австралијка што одигра финале на Австралија опен по 1980 година. За потсетување, машкото финале е на програмата утре, а таму ќе се сретнат Надал и Медведев.

Би можело да ве интересира

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

Навивачи го прекинаа финалето на Австралија опен поради Палестина, викајќи и врзувајќи се за столчиња

Предраг Петровиќ

Зверев разочаран: Фрустрирачки – ова ми се случи првпат во кариерата

Епски пресврт на Медведев за пласман во финалето

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он