Ванеса Брајант, вдовицата на легендарниот кошаркар Коби Брајант, одржа емотивен говор на свечената церемомнија за приемот во кошаркарката Куќа на славните на генерацијата 2020.
Церемонијата требаше да се одржи пред осум месеци, но поради пандемијата на коронавирусот одложен беше приемот на „генерацијата 2020“ во која се наоѓаат Кевин Гарнет, Тим Данкан и покојниот Коби Брајант.
Говорот кој што го одржа Ванеса Брајант за малку не го расплака Мајкл Џордан, кој вдовицата ја изведе на бината и и беше поддршка додека зборуваше.
„Секогаш одбегнував јавно да го фалам мојот сопруг затоа што мислам дека е доволно тоа што го добиваше од навивачите. Сигурна сум дека сега се смее на небото затоа што ќе го пофалам поради неговите дстигнувања. И понатаму победува“, рече во воведот на 13-минутниот говор Ванеса Брајант.
„Драг Коби, ти благодарам што беше најдобриот сопруг и татко. Ти благодарам што растеше и учеше од твоите грешки. Ти благодарам што секогаш се трудеше да бидеш подобар. Еднаш ми рече: Ако се обложуваш на некого, обложи се на себе. Драго ми е што се обложуваше на себе. Успеа. Во Куќата на славните си, вистински шампион си, не само МВП, туку безвременски великан“, рече Ванеса Брајант.
– Толку сум горда на тебе. Те сакам секогаш и засекогаш. Коби Брајант, заврши таа.