ВИДЕО: Египет испиша мундијалска историја

Од:

Фудбалерите на Египет заседнаа на врвот на мундијалската група Г.
​Египќаните во натпреварот од второто коло одигран во Ванкувер, по пресврт, ја совладаа селекцијата на Нов Зеланд со 3-1.

Херои на првиот триумф на Египет во историјата на Мундијалите беа Мохамед Салах, Мостафа Зико и Трезеге, кои ги постигнаа головите кои речиси сигурно вредат пласман во нокаут-фазата, бидејќи пред последното коло Египќаните имаат четири, Белгија и Иран по два, а Нов Зеланд само еден бод.

https://hoohfooha.vibedailyhighlights.com/embed/4kGJNDeGCi3SE

​Првата интересна ситуација на натпреварот ја видовме во седмата минута кога доскорешниот фудбалер на ТСЦ, Синг, го испроба својот удар од дистанца, но офанзивецот на Нов Зеланд не беше доволно прецизен за да го загрози голот на „фараоните“.

​Уште подобра шанса „олд блекси“ имаа во 14. минута кога Стамениќ со одличен пас во простор го проигра двојниот стрелец против Иран, Џаст, кој шутираше, а неговиот удар го одбрани голманот на Египет, Шубир.

​Новозеланѓаните добија корнер од кој поведоа само една минута подоцна. Центрираше од аголот Тим Пејн, а со глава топката во мрежата ја заби стоперот Фин Сурман.

​На својата прва шанса Египќаните чекаа до 26. минута кога од дистанца силно шутираше Мармуш, а неговиот удар го одбрани голманот на Нов Зеланд, Крокомб.

​Тешко „фараоните“ создаваа прилики за израмнување, а најдобрата во првото полувреме ја пропуштија во судиското продолжение кога Ашур им побегна на чуварите, но не успеа да ја спроведе топката во мрежата по центрирањето од десната страна.
​Одличен на овој натпревар беше поранешниот играч од средниот ред на Црвена ѕвезда, Марко Стамениќ. Тој можеше да биде асистент во 52-рата минута кога Новозеланѓаните имаа нова добра шанса. Со глава шутираше Мекават, а Шубир со парада го спречи претставникот на Океанија да ја удвои предноста.

​Казната стигна брзо.
​Само шест минути подоцна Египет успеа да израмни. Мохамед Хани ја уфрли топката од десната страна, а во петерецот на Нов Зеланд целосно сам остана Мостафа Зико, кој со глава успеа да ја смести топката во мрежата на голманот Крокомб, кој во таа ситуација и многу лошо реагираше.

​Целосниот пресврт на Египќаните се случи во 67. минута. Во центарот на вниманието беше најдобриот фудбалер на „фараоните“ на сите времиња, Мохамед Салах.

​Доскорешниот фудбалер на Ливерпул одигра двојно проигрување со стрелецот на првиот гол Зико, влезе во шеснаесетникот и со прецизен удар во подалечниот агол ја погоди мрежата.

​Прашањето на победникот беше решено на осум минути пред крајот. Салах центрираше од корнер на првата статива, таму се појави резервистот Трезеге и со глава го постигна третиот гол за Египќаните.

​Можеше и мораше да биде 4-1 во судиското продолжение. По големата грешка на одбраната на Новозеланѓаните, во огромна шанса се најде офанзивецот на Египет, Зизо, но не успеа да и нанесе уште поубедлив пораз на селекцијата од Океанија.

​Можеше и Нов Зеланд да го ублажи поразот. Во шанса пред самиот крај на мечот се најде Биндон, но Шубир одбрани.

Уругвај и Зеленортските Острови одиграа нерешено (2-2) во второто коло од групата Х на Светското првенство (СП),
Зеленортските острови го шокираа Уругвај по само 21 минута, кога Ленини погоди за водство од 1-0, но потоа нивниот ривал во завршницата од полувремето погоди преку Араухо и Канобио за целосен пресврт (2-1).

Варела ја врати неизвесноста со неговиот погодок за 2-2 во 61. минута, по што Уругвај постигна и трет гол, но истиот беше поништен поради офсајд од ВАР-технологијата.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Си го одржа зборот – Кукуреља ја покажа новата тетоважа и ги воодушеви навивачите

А1он

Меси, Роналдо и Мбапе испишаа историја – ова се рекордите од Светското првенство 2026

А1он

Нејмар е во најлошиот тим на Мундијалот 2026 – тука се и Ван дајк, Фернандеш, Вирц, Мектоминај…

А1он

Меси: Болката е огромна, ќе биде потребно време оваа рана да зарасне

А1он

(ВИДЕО) Паричката што ја закопа Кукуреља заврши работа – Шпанија е шампион

А1он

Панчев: Шпанија беше доминантна, фудбалот се менува – ерата на големите поединци завршува

А1он