ВИДЕО: Босански навивачи на плоштад

Од:

Навивачи на сараевскиот фудбалски клуб „Железничар“ денеска продефилираа низ центарот на Скопје. Група од околу педесетина луѓе вечер во 20:30 часот ќе го бодрат босанскиот клуб кој игра против нашиот Металург во квалификациите за Лига Европа.

Во првото коло од квалификациите Металург го елеминираше клубот од Андора Санта Колома.

Железничар е еден од најголемите фудбалски брендови на просторите на екс Југославија или попознат како „Плавиот воз“ или Жељо.

Последен пат екипата на Железничар гостуваше во Скопје кога играше против Вардар пред 23 години.

Би можело да ве интересира

Новиот фудбалски селектор на БиХ пречекан со протести

Катерина Ѓуровски