Новиот фудбалски селектор на БиХ пречекан со протести

Од:

„Дајте ми шанса“, побара денеска бугарскиот стратег Ивајло Петев од сите незадоволни од неговиот избор за нов селектор на фудбалска репрезентација на Босна и Херцеговина (БИХ).

Петев попладнево во Сараево ја одржа првата прес-конференција по назначувањето на селекторското место, кое предизвика внатрешни поделби во босанскиот фудбал и големо незадоволство во дел од домашната јавност.

Петев на промоцијата го дочека протест на околу 50 навивачи на босанската репрезентација, кои истакнаа транспаренти со пораки „Доста е“ и „Нас не може да нè купите“.

-Доколку имаше 2.000 луѓе (на протестите) можеби и ќе се замислев. Јас си ја знам мојата работа, дајте ми шанса тоа да го работам и ценете ме врз основа на моите резултати, порача Пенев на промоцијата.

На критичките прашања на новинарите околу неговите квалитети, Петев одговори: Доколку имаше некој поквалитетен од мене, тој денеска ќе беше овде.

Бугаринот на местото селектор на БиХ го наследи Душан Бајевиќ, кој поднесе во октомври лани оставка.

Петев ќе дебитира како селектор на БиХ на 24 март против Финска на стартот на квалификациите за пласман на Мундијалот 2022 во Катар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Босански навивачи на плоштад

Ана Ололовска