Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби свечен пречек во Белград откако ја освои седмата титула на Вимблдон. Илјадници граѓани озлегоа во центарот на Белград да му оддадат почит за неговиот последен успех. Тој им се обрати од терасата на Стариот дворец.
“Неизвесноста на ситуацијата. Во овој момент, со оглед на мојата ситуација, не можам да одам во Америка, не ми дозволуваат. Ниту во Австралија. Се надевам на позитивни вести. Верувам дека за Австралија, бидејќи има повеќе време, дека работите ќе се сменат на позитивен начин. За Америка има помалку време. Надежта последна умира. Би сакал да играм на УС Опен, тоа е Грен слем, тоа е она што најмногу ме инспирира. Ако не се случи, не е крај на светот. Тоа не е прв Грен слем што ќе го прескокнам, ќе продолжам. Многу ми е важно да ги задржам моето тело и ум здрави бидејќи тогаш ќе можам да играм долго, долго. Ќе има можности сигурно, рече Ѓоковиќ.
За тоа што и покрај освојувањето на Вимблдон и назадува на АТП листата кажа:
„Таква е ситуацијата оваа година, да не навлегуваме во многу детали. Знаеме дека руските и белоруските тенисери добија забрана за учество на Вимблдон поради војната во Украина. Не се согласував со тоа, не треба да ја менувате политиката и особено воената политика со спортот.Тие момци и девојки ништо не згрешиле. АТП даде контра одговор.Го изгубив првото место, но толку долго сум на тоа што веќе не е важно. Мој највисок приоритет е играњето за репрезентацијата. Најважно е да ја задржам врската и страста со овој спорт.Кога доживувам успех се принудувам да се вратам во моето детство и да се сетам зошто се занимавам со овој спорт. Го постигнаа најголемиите успеси, но сè уште сум гладен“.
„Ти благодарам Белград, ти благодарам Србија што беше овде вечерва. Те сакам. Се гледаме следниот пат“, рече Ѓоковиќ на збогувањето.