ВИДЕО: Автобусот на Курасао е вирален хит пред Светското првенство

Од:

Стотици навивачи во саботата ја славеа фудбалската репрезентација на Курасао по победата од 4-0 против соседна Аруба во пријателски натпревар. Тоа беше последната проверка за 82. репрезентација на светот според рангирањето на ФИФА пред заминувањето во Соединетите Американски Држави, каде што оваа мала карипска нација ќе настапи на своето прво Светско првенство.

На социјалните мрежи се шири видео од пристигнувањето на репрезентативците на стадионот во главниот град Вилемстад. Тие пристигнаа со шарен автобус без прозорци, придружени со музика, а играчите во ритам удираа по автобусот.

Прославата започна на преполниот стадион „Ергилио Хато“ во Вилемстад, каде што речиси 15.000 гледачи, односно приближно секој шеснаесетти жител на Курасао, беа сведоци на убедливата победа на својата репрезентација.

Со површина од 444 квадратни километри и население од околу 160.000 жители, Курасао стана најмалата земја во историјата што се квалификувала на Светско првенство. Курасао е аутсајдер во групата во која се наоѓаат Германија, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.

Историскиот пласман на репрезентацијата предизвика огромна еуфорија низ целата земја, а играчите беа поздравени со громогласни овации од навивачите по победата над Аруба. Овој триумф воедно помогна да се ублажи разочарувањето по тешкиот пораз од 4-1 од Шкотска во натпреварот одигран претходната недела.

Би можело да ве интересира

Меси, Роналдо и Мбапе испишаа историја – ова се рекордите од Светското првенство 2026

А1он

Нејмар е во најлошиот тим на Мундијалот 2026 – тука се и Ван дајк, Фернандеш, Вирц, Мектоминај…

А1он

Меси: Болката е огромна, ќе биде потребно време оваа рана да зарасне

А1он

(ВИДЕО) Паричката што ја закопа Кукуреља заврши работа – Шпанија е шампион

А1он

Панчев: Шпанија беше доминантна, фудбалот се менува – ерата на големите поединци завршува

А1он

ВИДЕО: Хаос во Аргентина по поразот во финалето, најмалку 15 уапсени