ВИДЕО: Алкалоид ја покори Атина, блиску е до историски европски пехар

Од:

Ракометарите на Алкалоид со голема победа се враќаат од Атина против АЕК од првиот натпревар од финалето од Европскиот куп на ЕХФ. Алкалоид славеше со 25-29 и овие четири гола ќе ги брани во возвратниот натпревар по седум дена во Скопје.

Најефикасен играч во таборот на Алкалоид беше Мартин Сефаримов со шест погодоци, а „пет од пет“ имаше Франциско Да Силва. Голем удел во овој триумф имаше голманот Иван Галевски кој фати пет пенали и вкупно девет интервенции, додека двоцифрен со десет одбранети удари беше Марко Кизиќ.

На почетокто од второто полувреме, навивачите на АЕК предизвикаа инцидент и прекин и со шише во глава го погодија младиот Дамјан Митев. Мечот за кратко продолжи.

Би можело да ве интересира

ЕХФ пресуди: РК Алкалоид е победник на Европскиот куп за мажи

Горан Наумовски

Мукаетов: Очекувам ЕХФ да донесе одлука според важечките правилата

Ракометното реванш финале Алкалоид – АЕК е откажано „од безбедносни причини“ – соопштија од ЕХФ!

А1он

Официјално, натпреварот Алкалоид – АЕК нема да се одигра

А1он

Со „Ја излези Ѓурѓо“ публиката во „Борис Трајковски“ ги повика ракометарите на АЕК на терен – тие бојкотираат

А1он

Лазаров: Горд сум на тимот, пласманот во финалето на Алкалоид е голем успех за целиот македонски ракомет

А1он