Албанскиот фудбалер Мирлинд Даку по мечот со хрватската репрезентација предизвика скандал навредувајќи ги Македонците, а во тоа го подржаа и навивачите од трибините.
Ooo qifsa maqedonën pic.twitter.com/CWwAi5sqAq
— 𝗦𝗼𝗹𝗮𝗿𝗻𝗶𝗸® 🪬 (@SolarNik) June 19, 2024
„Е.ете ги Македонци“, рече 26-годишниот Даку.
Ова е нов скандал кој го направија фудбалерите на Албанија, се очекува остра реакција од УЕФА, како и за навредите на навивачите на Албанија упатени до Србите на натпреварот против Хрватска.
Дури и еден албански новинар беше санкциониран затоа што им покажа двоглав орел на српските навивачи. Како резултат на тоа, неговата акредитација беше одземена.