Екипата на Веспрем е последниот патник на завршниот „фајнал-фор“ турнир во ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција.
Унгарскиот првак и во реванш четвртфиналниот меч го победи францускиот тим Монпеље со 30-25 иако на полувремето Веспрем губеше со 15-11.
Прв пласман во полуфиналето обезбеди македонскиот шампион Вардар со елиминацијата на германскиот тим Фленсбург.
Вчера за место во четворката која ќе се бори за титулата се изборија Барселона и Париз Сен Жермен.
Жрепката за полуфиналните парови ќе се одржи на 2 мај во Келн, а истиот град на 3 и 4 јуни ќе биде домаќин на „фајнал-фор“ турнирот.