Венус Вилијамс на Отвореното првенство на САД на 45 години

Од:

Американската тенисерка Венус Вилијамс доби посебна покана за учество на Отвореното првенство на САД, објавија денес организаторите на последниот Гренд слем турнир во сезоната.

Венус Вилијамс (45) го освои Отвореното првенство на САД двапати во сингл, во 2000 и 2001 година, како и двапати во двојки, во 1999 и 2009 година. Таа моментално е рангирана на 654-то место на ранг-листата на ВТА.

Специјални покани за Отвореното првенство на САД добија и Клерви Нгунуе, Џулиета Пареха, Кејти Мекнали, Валери Глозман, Алиса Ан, Каролина Гарсија и Талија Гибсон.

Отвореното првенство на САД ќе се одржи од 24 август до 7 септември.

Би можело да ве интересира

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ