Вардарки повторно во финале против Ѓер

Од:

Ракометарките на Вардар повторно обезбедија пласман во финалето на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите, откако го победија Ростов Дон со 25:19.

Натпреварот започна со релативно изедначени сили, но Вардар, иако не во целост, сепак ја оправда фаворитската позиција и по десет минути игра имаше водство од 4:2.

Првото полувреме помина со многу грешки на двете страни, што резултираше со слаба ефективност во резализацијата кај двата тима и малку голови.

Вардарки иако низ целиот прв период одржуваа предност, сепак поради грешките во нападот не успеаја да ја искористат исклучително добрата одбрана на Амандин Лејно, која имаше повеќе од десет интервенции.

Сепак Вардар ја ефектираше разликата во квалитетот и на паузата замина со водство од 10:7.

И второто полувреме беше во знакот на доминацијата на вардаровите ракомерки, кои за нијанса ја подобрија ефикасноста што се одрази на резултатски план, при што два пати предноста беше зголемена на плус шест и плус седум.

Вардар и во ова полувреме не ја искористи добрата одбрана на Лејно за повеќе да се одвои резултатски, но сепак одржуваше постојано водство кое резултираше со убедлива победа од 25:19.

Вардарки во реприза на минатогодишното финале утре ќе се обидат да го совладаат актуелниот шампион Ѓер и да дојдат до толку посакуваната титула.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска