Ракометарките на Вардар денеска попладне во Германија ќе го играат вториот натпревар од Лигата на шампионките.
Вардарки во рамките од 2.коло на Ц групата гостуваат кај германскиот шампион Турингер.
Двете екипи во првото коло остварија победи. Германскиот тим триумфираше на гостински терен во Норвешка кај Ларвик со 31-27, дуел во кој чешката интернационалка Ивела Лузумова постигна 13 гола за Турингер, додека Вардар претд својата публика го совлада унгарскиот ФТЦ со 34-31.
Вардар и Турингер досега имаат одиграно 6 меѓусебни натпревари во Лигата на шампионите. „Црвено-црните” се поуспешни и имаат четири победи и едно реми. Но, дуелите на гостински терен биле секогаш тешки за македонскиот првак, па на трите досегашни гостувања ЖРК Вардар има остварено по една победа и реми, како и еден пораз во ноември 2014 година кога Турингер славеше со 21-20.
Дуелот меѓу Турингер и Вардар ќе почне во терминот од 14 часот.
Вчера во првата средба од оваа група унгарскиот ФТЦ со 37-33 го совлада Ларвик.