Вардарки го пречекуваат Мец во дуел од Лига на шампион

Од:

Ракометарките на Вардар попладнево пред својата публика ќе го одиграат вториот натпревар од главната фаза во Лигата на шампионките.

Македонскиот првак кој со победа во Подгорица ја започна главната рунда, и е единствената екипа која досега нема пораз во елитното натпреварување, ќе биде домаќин на францускиот тим Мец.

Фавроритската улога ќе ја имаат црвено-црните, а неа ќе треба да ја потврдат со победа во мечот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандаски“ со почеток од 17 часот и 30 минути.

Ова е еден од трите натпревари од групата 1, кои се играат денеска. Во другите два се среќаваат, Астроханочка – Будуќност и Ференцфавош – Турингер.

На табелата вардарки се водечки со 9 бодови, а по нив следуваат: Ференцварош 7, Будуќност 6, Мец 4, Турингер 4, Астраханочка 0.

Во групата 2, двојките за 2.коло се: Ларвик – Митјиланд, Љубљана – СЦМ Букурешт (денеска) и Есбјерг – Ѓер (утре)

Табела: Ѓер 9 бодови, Митјиланд 6, Крим Љубљана 6, Ларвик 6, ЦСМ Букурешт 3 и Есбјерг 2

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска