Македонскиот ракометен првак Вардар острвари победа со 45-22 и во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Иако мечот против Лајпциг немаше никакво резултатско значење бидејќи Германките нема да одат во следната фаза, нашите ракометарки не размислуваа многу за да ја покажат цела своја моќ. Неизвесно беше само во првите десетина минути кога резултатот беше 5-5, а “црвено-црните” се загреваа. Следуваше серија од 18-4 до крајот на првото полувреме, па Вардар на пауза замина со убедлива предност од 22-9 и уште тогаш го реши прашањето околу победникот. Во вториот дел разликата се зголемуваше до највисоките, до тој момент, 40-17 во 47. минута со што “вардарки” покажаа дека не планираат да го поштедат противникот. Крајните +23 се најдобар доказ за односот на силите на теренот во Лајпциг.
Убедливата предност беше добра можност тренерот Дејвис да им даде шанса на сите ракометарки. Најефикасна во такви услови беше Лакрабер со десет гола од исто толку обиди, Радичевиќ постигна пет, а уште четири ракометарки реализираа по четири погодоци.