Фудбалерите, стручниот штаб и дел на раководството на Вардар, утринава пристигнаа во австриското место Бад Татцмансдорф, кое ќе биде „база“на подготовките на тимот во следните две недели. Трета година по ред хотелот „Авита“ е „домаќин“ на македонскиот шампион во оваа фаза на летните подготовки.
Попладнево во 16 часот под водство на тренерот Гоце Седлоски ќе биде одработен и првиот тренинг во Австрија.
На подготовките на Вардар во Бад Татцмансдорф ќе бидат присутни следните фудбалери:
Голмани: Филип Гачевски, Томе Пачовски, Бојан Тимевски.
Одбрана: Бобан Грнчаров, Владица Брдаровски, Хофханес Хамбарџумјан, Евгениј Новак, Тодор Тодороски, Дарко Глишиќ.
Среден ред: Никола Глигоров, Стефан Спировски, Филип Стојчевски, Бесир Исени, Џамбул Џигаури, Хуан Фелипе.
Напад: Дејан Блажевски, Дамир Којашевиќ, Џонатан Боарето, Ацо Стојков, Бојан Колевски, Тигран Барсегјан.
Подоцна на тренинзите на Вардар ќе се приклучат и младинските репрезентативци Игор Алексовски, Дарко Велковски, Висар Муслиу, Бесир Демири, Бобан Николов и Петар Петковски.