Вардарци посакуваат победа над Веспрем зa потврда на второто место во групата

Од:

Македонскиот ракометен првак Вардар викендов го очекува уште еден тежок натпревар. Во Скопје доаѓа унгарски Веспрем во дуел од 12.коло во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ посакуваат со победа да го потврдат второто место во А-групата.

Своите очекување за саботниот меч на денешната прес-конференција ги кажаа тренерот Роберто Парондо и капитенот Стојанче Стоилов.

Очекувам тешка средба против Веспрем. Ни остануват уште три средби и работевме добро во минатите денови и подготвени сме за она што претстои. Сакаме многу бодови во последните три средби. Сакаме да победиме и победата е најважна за нас. Во последните денови Борозан и Мораеш работеа заедно со нас и ќе видиме како ќе биде. Доколку биде сè во ред со нив тогаш ќе ги имаме на терен и в сабота. Со Горбок ситуацијата е поинаква. Сигурно ќе помине уште еден месец додека можеме да сметаме на него, рече Парондо.

На првиот меч во Унгарија, „црвено-црните” победија со 27:25, па сличен епилог и во „Јане Сандански“ посакува Стоилов.

Победата против Рајн Некар ни ја олесни задачата. Тоа нема да не опушти бидејќи не чека уште еден тежок дуел против Веспрем. Подготвени сме за она што претстои и очекувам да одиграме максимално добро за да дојдеме до посакуваниот резултат, изјави Стоилов.

Натпреварот в сабота почнува во 17 часот и 30 минути.

 

Би можело да ве интересира

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он