Вардарци поразени од германскиот тим Бергишер

Од:

Актуелниот европски и македонски шампион Вардар е поразен на гостувањето во Германија кај екипата на Бергишер.

Ракометарите на Вардар кои по подготовките во Словенија, заминаа за Германија каде ќе одиграат три контролни средби, го загубија првиот против Бергишер со 25-27 полувреме 17-14.

Тренерот Раул Гонзалез на средбата им даде шанса да играат на сите 20 ракометари. Во второто полувреме повеќе време на голот мина Даниел Ѓорѓески, а исто така и другите играчи кои вообичаено имаат помала минутажа.

Најефикаснин во редовите на Вардар беше Тимур Дибиров кој постигна 8 гола, Вуко Борозан постигна 5, а Игор Карачиќ и новото засилување Данил Криштопанс придодадоа по 3, односно 2 гола.

За црвено-црните денеска и утре следуваат уште два контролни натпревари о кои првиот е против Рајн Некар.

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица