Вардар во финишот испушти поволен резултат со Веспрем

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар вечерва загуби од унгарски Веспрем со 24:23 во  5. коло од групата Ц во Лигата на шампионите.

По овој исход во полниот СЦ „Јане Сандански“ Вардар го забележа првиот пораз во елитното натпреварување, иако беше пред победа не реализирајќи пенал за плус два на две минути пред крајот.

Гостинот од Унгарија одигра извонредна одбрана, а патот до голот на Веспрем „црвено-црните“ тешко го наоѓаа и со играч повеќе. Вардар во најголем дел од првото полувреме „бркаше“ негатива, најчесто 2-3 разлика, за на полувреме да се отиде со резултат 13:11 за Веспрем.

Македонскиот претставник добро го отвори второто полувреме со одбранет „зицер“ на Штербик и гол во против напад. Во 39. минута Игор Караџиќ не искористи контра за изедначување. Сепак израмнувањето на резултатот се случи во 42.минута, а минута подоцна ерупција во салата голот на Тимур Дибиров и првото водство на Вардар.

Во последните 15 минути се влезе со резултат 19:19. Вардар врза два гола за во 48. минута првпат да води со два разлика (21:19), гостите возвратија посилно за водство од 22:21. Резултатската нишалка продолжи со повторно водство за вардарци. Матјаж Брумен не искористи пенал за водство од два голови разлика, по што следуваа два погодока за победа на унгарскиот шампион.

Веспрем со максимални пет победи и 10 бодови е на врвот на табелата, Вардар остана на 7 бодови.

Игор Карачиќ со осум голови беше најефикасен во поразениот тим, Момир Илиќ со шест погодоци беше најефикасниот во Веспрем.

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица