Вардар против Висла за директен пласман во четвртфиналето на ЛШ

Од:

Европскиот шампион Вардар денска од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ го игра последниот натпревар од групната фаза во А групата во ракометната Лига на шампионите против Висла Плок.

За сигурен и директен пласман во четвртфиналето на „црвено-црните“ им треба најмалку реми против полскиот тим за да ги прескокне натпреварите од осмина-финалето и по петти пат да се најде во најдобрите осум екипи во Европа. На првиот меч сезонава во ЛШ, Вардар победи во Полска со 26:22.

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес во петокот на прес-конференција изјави дека чуствуваат мал притисок во пресрет на дуелот со Висла, но дека има доверба во своите играчи и дека заедно со поддршката на фановите ќе стигнат до посакуваната победа.

– Ако завршиме на првото место тоа ќе биде уште еднаш голем успех за Вардар. Нашата одбрана е добра, но не е на нивото како што беше во декември. Ќе мораме да продолжиме да работиме силно и да ја креваме формата, изјави Раул.

Капитенот на тимот, Стојанче Стоилов призна за падот на формата на „црвено-црните“ и дека тимот не е на познатото ниво, но додаде дека формата ќе се подобрува како ќе изминува времето.

– Играме за прво место и ние мораме да бидеме мотивирани. Сè е во наши раце и се надевам дека ќе завршиме како што треба. Подобро сега да има пад на формата отколку подоцна. На ЕП имаше голем дел од играчите на Вардар, а потоа имавме и три патувања. Уште не сме во потребниот ритам и не сме на она ниво на кое знаеме да бидеме. Ни треба време и да бидеме заедно и да тренираме и мислам дека формата ќе оди само нагоре, изјави капитенот.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска