Вардар против Кристијанштад ќе слави јубилеј – 100 настапи во ЛШ

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар е првата машка екипа од Македонија што ќе стигне до 100 одиграни натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите. Јубилејот ќе биде прославен на средбата со Кристијанштад на 12 март во Скопје, во последното 14.коло од Б групата во елитното натпреварување.

„Црвено-црните” викендов гостуваат кај Мешков Брест во Белорусија каде ќе бараат најмалку бод за да останат во игра за првото место што води директно во четвртфиналето. Во моментов Вардар е лидер во Б групата со 18 бода по 12 одиграни натпревари пред Рајн Некар со 17 бода, Кјелце со 16 и ПИК Сегед со 16 бода.
На Вардар му требаат најмалку три бода од можните четири на последните две средби за да го обезбеди првото место.

Настапите на Вардар во групната фаза од ЛШ почна во сезоната 2001/2002 година. Тогаш Вардар играше квалификации и во двомечот со АСКИ Анкара успеа да победи во Скопје, 37-31, а потоа на гостувањето во Турција имаше контрола над резултатот, иако загуби минимално со 27-28. Вардар беше вториот македонски тим што успеал да се пласира во групната фаза од ЛШ, и да остане 10 сезони потоа меѓу најдобрите.

Таа сезона против Шамбери ја оствари првата победа во групната фаза, 32-30, а во групата беа и екипте на Магдебург и Веспрем.

Следуваа учества во Лигата на шампионите од 2001 до 2005. По две сезони пазуа Вардар повторно беше меѓу европската елита, исто како и во сезоната 2009/2010. Тогаш првпат наместо вообичаените шест средби играше вкупно 10 поради промената на системот од страна на ЕХФ.

Најголемите успеси во ЛШ почнуваат со сезоната 2013/2014 кога „црвено-црните“ остварија 6 победи на 14 средби, и еден гол не оневозможи да стигнеме до Ф4 турнирот во Келн. Тогаш првпат имаа и позитивна гол разлика (+7) и 15 бода. Во 2014/2015 остварија две победи повеќе од претходната сезона и вкупно 17 бода.

Лани, ЕХФ повторно го смени системот на натпреварување во ЛШ, а Вардар се најде во една од двете најквалитетни групи. По мечевите од групната фаза играше во осминафиналето, а потоа стигна во Топ-8 фазата каде беше елиминиран од Веспрем.

Оваа сезона големи се шансите македонскиот првак да се најде на завршниот турнир од Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска