Вардар поразен од Мешков Брест

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар загуби на гостувањето во Белорусија кај Мешков Брест со 30:26 и со тоа не ја искористи првата шанса да го завери првото место во групата Б од Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ добро го отворија денешниот дуел, но по дваесетина минути домаќините ја преземаа иницијативата и на полувреме заминаа со предност од два гола (15:13).

Набрзо по стартот на вторите 30 минути белорускиот шампион предноста од полувремето двојно ја зголеми и ја задржа до крајот на натпреварот.

Игор Карачиќ и Иван Чупиќ беа најефикасни кај македонскиот тим со по пет голови, додека кај домаќините Владислав Остроушко и Џанис Криштопанс постигнаа по седум погодоци.

Табела: Вардар 18 бода, Рајн Некар Левен 17, Киелце 16, Пик Сегед 15, Мешков Брест 14 бода, Цеље 9, Кристијанштад 8 и Загреб.

Во последното 14.коло Вардар ќе игра во Скопје со Кристијанштад и со победа ќе си обезбеди директен пласман во четвртфиналето од елитното натпреварување.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска