Вардар избори Ф4, ќе го брани трофејот во Келн

Од:

Македонскиот првак Вардар втора година по ред ќе игра на завршниот турнир во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ денеска во реванш четвртфиналето загубија од Кил со 28:27, но благодарение на победата на гостински терен со 29:28 и повеќе постигнати голови на гости обезбедија Ф4 во елитното натпреварување во кое го бранат трофејот.

Гостите најавија тежок натпревар за Вардар со водството од 3:0, но нашите ракометари го „свртија“ резултатот во своја корист и поведоа со 8-5 во 12.минута. До крајот на полувремето Кил стигна до изедначување 13:13. Вардар повторно водеше со три разлика (20:17) во 40.минута, плус три имаше и во 45.минута. Во последните десетина минути германскиот тим фати приклучок и го одведе мечот во драматичен финиш и пирова победа.

Вардарци бодрени од преку 6.500 илјади гледачи во преполниот СЦ „Јане Сандански“ го одиграа последниот натпревар во Лигата на шампионите во овој состав.

Покрај Вардар досега пласман на Ф4 во Келн обезбедија уште и ПСЖ и Нант за кој настапува македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров.

Завршниот турнир во ЛШ ќе се игра на 25 и 26 мај.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска