Полуфиналниот натпревар од ракометната Лига на шампионите меѓу Вардар и Барселона што ќе се игра на 3. јуни во „Ланксес Арена“ во Келн ќе почне во 18 часот.
Во првото полуфинале од 15:15 часот ќе играат Веспрем – ПСЖ.
По извлекувањето на полуфиналните двојки Европската ракометна федерација (ЕХФ) заедно со организаторот и носителите на ТВ правта ги одредуваат термините за полуфиналните дуели.
Во недела на 4. јуни во терминот од 15:15 часот ќе играат поразените од саботните натпревари во „малото финале“, додека натпреварот за шампионскиот пехар се игра во недела (4.јуни) со почеток од 18 часот.