Вардар домаќин на Целје во дуел од Лигата на шампионите

Од:

Македонскиот првак Вардар попладнево пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречека словенечкиот Целје во натпревар од ракометната Лига на шампиони.

Вардарци ќе треба да ја оправдаат улогата на фаворит и со победа да се вратат на првото место во Б групата. Во моментов лидер е германскиот Рајн-Некар кој во првиот меч од 12.коло одигран во средата го совлада Мешков Брест со 25-24.

Натпреварот Вардар – Целје ќе се игра во терминот од 17:30 минути, а од 20 часот ќе започне мечот ППД Загреб – Кристијанштад, додека утре ќе играат Киелце и ПИК Сегед.

Табела: Рајн-Некар 17 бодови, Варда 16, Киелце 14, Пик Сегед 13, Мешков Брест 12, Цеље 7, Кристијанштад 6, ППД Загреб 5.

Во групата А денеска ќе се одиграат два натпревари, Веспрем – Висла Плок, Кил – Силкеборг и ПСЖ – Кадетен Шафхаузен, додека средбата Барселона – Фленсбург на програмата е утре.

Табела : Барселона 20 бодови, ПСЖ 18, Веспрем 12, Фленсбург 11, Кил 11, Висла Плок 8, Силкеборг 4 и Кадетен Шафхаузен 2.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска