Македонскиот и европски првак Вардар прв пат сезонава ќе игра против домашната публика, дуел од ракометната Лига на шампиони.
Вардарци по триумфот над Висла во првото коло, денеска во рамките 2.коло на А групата во ЦС „Јане Сандански“ го пречекуваат францускиот Нант кој засилен со капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, најавува големи амбиции, не само во домашното францускт првенство туку и во елитната лига.
Почетокот на натпреварот Вардар – Нант е во терминот од 17 часот и 30 минути.
Претходно (од 16 часот) ќе стартуваат средбите, Чеховски Медведи – Монпелје и Елверум – Скјерн.
Денеска ќе се играат и дуелите меѓу: Веспрем – Фленсбург, Барселона – Кристијанштад, ППД Загреб – ПИК Сегед и Динамо Букурешт – Горење Велење.
Останатите шест натпревари од оваа рунда на програмата се утре, меѓунив и натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ меѓу Металург и Бешикташ кој ќе започне од 17 часот.