Ван дер Варт нема да игра во Бразил

Од:

Холандскиот репрезентативец и член на бундеслигашот Хамбургер Рафаел Ван дер Варт ќе го пропушти светското првенство во Бразил поради повреда на десната нога.

Информацијата ја соопшти холандската федерација, па така селекторот Луис Ван Гал нема да може да смета на еден од најискусните. Ван дер Варт (31.година) за репрезентацијата на „лалињата“ дебитирал во 2001 година и има одиграно 109 натпревари и постигнато 25 голови.

Ван дер Варт беше дел од Светските првенства (2006 и 2010 година) на второто Холандија загуби во финалето од Шпанија.

Холандија на Мундијалот во Бразил се наоѓа во групата Б заедно со Шпанија, Чиле и Австралија.

Би можело да ве интересира

Монтоливо ја скрши ногата, го пропушта СП

Емир Латифовиќ

Ковач ги објави фудбалерите за Бразил

Емир Латифовиќ

Роналдо го пропушта СП во Бразил?

Емир Латифовиќ

ФИФА ќе ја следи групата Д поради страв од местење

Емир Латифовиќ

Ѓоковиќ: Навивам за Босна и Хрватска на Мундијалот

Емир Латифовиќ

Идеалните 11 кои нема да играат на Мундијалот

Емир Латифовиќ