Ковач ги објави фудбалерите за Бразил

Од:

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Нико Ковач, го објави конечниот список на фудбалери за престојното Светско првенство.

Хрватскиот селектор одлуката околу тоа кои 23-ца ќе патуваат во Бразил ја донесе по завршувањето на контролниот меч со репрезентацијата на Мали. Хрватска со головите на Перишиќ, во Осијек, го победи Мали со 2-1.

Од поширокиот список на Ковач отпаднаа Милан Бадељ, Дује Чоп, Марио Пашалиќ и Игор Бубњиќ.

Хрватска на 12.јуни против домаќинот Бразил ќе го отвори 20-то Светско првенство.

Голмани: Стипе Плетикоса (Ростов), Даниел Субашиќ (Монако), Оливер Зеленика (Локомотива Загреб)

Одбрана: Дарио Срна (Шахтјор), Шиме Врсаљко (Џенова), Даниел Прањиќ, Гордон Шинделфелд (двајцата од Панатинаикос), Ведран Чорлука (Локомотив Москва), Дејан Ловрен (Саутемптон), Домагој Вида (Динамо Киев)

Ред за врска: Лука Модриќ (Реал), Иван Ракитиќ (Севилја), Матео Ковачиќ (Интер), Огњен Вукојевиќ (Динамо Киев), Самир (Хетафе), Марсело Брозовиќ (Динамо Загреб), Иван Мочиниќ (Ријека)

Напад: Марио Манџукиќ (Баерн Минхен), Ивица Олиќ (Волфсбург), Едуардо (Шахтјор), Никица Јелавиќ (Хал), Анте Ребиќ (Фиорентина), Иван Перишиќ (Волфсбург).

Би можело да ве интересира

Монтоливо ја скрши ногата, го пропушта СП

Емир Латифовиќ

Роналдо го пропушта СП во Бразил?

Емир Латифовиќ

ФИФА ќе ја следи групата Д поради страв од местење

Емир Латифовиќ

Ѓоковиќ: Навивам за Босна и Хрватска на Мундијалот

Емир Латифовиќ

Идеалните 11 кои нема да играат на Мундијалот

Емир Латифовиќ

Протести против одржувањето на Мундијалот во Бразил

Емир Латифовиќ