Академијата за боречки вештини „За Нед До“ од Битола викендот учествуваше на петтиот Интернационален фестивал за боречките вештини „Мигдониа“ во Солун и освои 39 златни и три сребрени медали.
На ова натпреварување се појавија над 700 учесници од 10 држави. Македонскиот тим беше составен од 24 натпреварувачи кои се натпреваруваат во 42 дисциплини во борби и демонстрации на самоодбрана и демонстрации со традиционално оружје
Комплетниот состав на македонската делегација од 40 лица ја предводеше основачот на Академијата „За Нед До“ официјален претставник за неколку светски федерации и организации од светот на боречките вештини Златко Неделковски додека главен тренер на македонскиот тим е трикратнот светски првак во екстремна самоодбрана, Дијана Неделковска.
– Прво бевме почестени што колегите од Грција не поканија да ја претставуваме Република Македонија на овој за нив голема и значаен настан од сферата на боречките вештини. Нашиот тим се покажа во одлично светло, како и што и претходно кажав, но овој пат нема да бидам скромен и ќе констатирам дека ние доминиравме на настанот. Од Солун се вративме со 38 златни и 4 сребрени медали што е само резултат на професионалноста во работата, но и ангажманот на нашите натпреварувачи, изјави Неделковски.
Македонскиот тим се натпреваруваше во борби од контактните спортови и демонстрации на самоодбрана и демонстрации во музички форми со традиционално оружје.