Фудбалерите на Манчестер Сити денеска убедливо триумфираа на „Етихад“ против Вест Хем во ПЛ со 4:1.
Манчестер Сити по долго време врза две победи. Но, Пеп Гвардиола одбива да зборува за целосно излегување од кризата.
Сити изгледаше уште поубедливо против Вест Хем отколку против Лестер. Сепак, каталонскиот тренер се уште не е целосно задоволен.
– Не, сè уште не можеме да зборуваме за тоа. Далеку сме од искачување. Победивме, што е добро, но се уште не сме тимот од претходните сезони. Резултатот дефинитивно ќе помогне. Се уште се мачиме, но ова е олеснување – изјави Гвардиола.
Не пропушти прилика да го пофали тројниот асистент, Бразилецот Савињо.
– Беше брилијантен. Има свежина и тоа е показател колку може да биде брилијантен. Тој има неверојатна работна етика, но сепак треба да работи на неговата поставеност. Забрзавме во се – изјави Гвардиола.