Репрезентацијата на Унгарија е чекор поблиску до пласманот на ЕУРО 2016 во Франција откако синоќа во првиот бараж натпревар постигна победа на гости против Норвешка со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Ласло Клеинхислер во 26.минута. Реванш натпреварот меѓу овие две репрезентации се игра во недела.
Подвиг оствари и голманот на Унгарија Габор Кираљи, која на својот јубилеј на 100. натпревар успеа да ја зачува својата мрежа.
Вечерва во терминот од 20:45 часот се игра вториот бараж дуел Босна и Херцеговина – Република Ирска, додека во сабота на програмата се и другите два баража: Украина – Словенија и Шведска – Данска.